• недела, 24 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран на Тонга

Силен земјотрес регистриран на Тонга

Велингтон, 27 мај 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала утрово е регистриран на архипелагот Тонга во јужниот дел на Тихи Океан, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот бил на длабочина од околу 112 километри, на помалку од 200 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа.

Засега нема информации за причинета материјална штета. Пацифичкиот центар за мониторинг на цунами не издаде предупредување. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан