• петок, 22 ноември 2024

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан
Вашингтон, 24 мај 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Атлантскиот Океан, соопшти Геолошкиот завод на САД. Најблиското населено место од сеизмичката активност е островот Света Елена, кој е лоциран речиси меѓу Африка и Јужна Америка. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту за можна опасност од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал на повеќе од 900 километри од најблиските населени места. кб/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан