• среда, 17 јули 2024

Силвер: Не сум подготвен да зборувам за ерата по Леброн

Силвер: Не сум подготвен да зборувам за ерата по Леброн
Вашингтон, 22 февруари 2022 (МИА) - Комесарот на најсилната кошаркарска лига во светот - НБА, Адам Силвер призна дека не може и не се обидува да замисли лига без Леброн Џејмс. Триесет и седумгодишниот лидер на Лос Анџелес лејкерс неодамна изјави дека планира последната сезона да ја одигра заедно со Брони, кој ќе биде драфтуван во 2024 година. - Сакам да бидам многу јасен и разбирлив. Не сум подготвен да зборувам за ерата по Леброн. И не се работи за негирање. Џејмс стана шампион пред неполна година и половина. Од моја гледна точка, Леброн сé уште игра на највисоко ниво. Во одреден момент, ќе се појават нов играч или играчи кои ќе го преземат водството во лигата. Тоа секогаш се случува. Едноставно не сум подготвен да почнам да размислувам за лигата без Леброн, бидејќи тој уште е посветен на кошарката и на НБА воопшто, изјави Силвер. Леброн е еден од најдобрите играчи во историјата на НБА-лигата. зс/

Остани поврзан