• сабота, 23 ноември 2024

Сикорски: Полска ќе придонесе финансиски и логистички во чешкиот план за обезбедување муниција за Украина

Сикорски: Полска ќе придонесе финансиски и логистички во чешкиот план за обезбедување муниција за Украина

Варшава, 21 март 2024 (МИА) - Полска ќе придонесе логистички и финансиски во чешкиот план за зголемување на испораката на муниција за Украина со нејзино купување надвор од Европа, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски.

-Многу сме среќни што придонесуваме, не само финансиски, туку и логистички за муницијата да може да стигне таму каде што треба на фронтот, рече Сикорски на прес-конференција во Прага, пренесуваат британските медиуми.

Од почетокот на руската офанзива врз Украина, во февруари 2022 година, Полска стана клучен дистрибутивен центар за снабдување на оваа земја со потребните материјално-технички средства. 

Членовите на Вишеградската група (В4) се поделени по прашањето за воената помош за Украина, откако словачката Влада ѝ се придружи на Унгарија во одбивањето да учествува во иницијативата.

Чешкиот премиер Петр Фијала на 8 март кажа дека иницијативата за купување муниција досега собрала доволно средства за набавка на првата транша од 300.000 артилериски гранати, а првата испорака треба да пристигне во Украина најдоцна до јуни.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан