• петок, 05 декември 2025

Си-Ен-Ен: Иран бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Си-Ен-Ен: Иран бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Техеран, 13 јуни 2025 (МИА) - Иран побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади врз земјата, изјави иранската мисија во ОН за Си-Ен-Ен.

Во израелскиот напад врз неколку локации во Иран утрово загинаа бројни команданти, научници и цивили, соопшти иранската агенција.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека над сто дронови биле лансирани од Иран кон Израел и дека израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување.

Иранската влада соопшти дека израелскиот напад врз земјата, во кој загинаа неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека овој, како што велат, „нелегитимен режим“ не се придржува до никакви меѓународни правила или закони. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан