• недела, 24 ноември 2024

Си-Ен-Ен: Америка и Германија спречија обид за атентат врз директорот на компанијата „Рајнметал“

Си-Ен-Ен: Америка и Германија спречија обид за атентат врз директорот на компанијата „Рајнметал“

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Американските разузнавачки служби спречија обид за атентат врз Армин Папергер, директор на германската одбранбена компанија „Рајнметал“, која произведува оружје за Украина, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.

Според американскиот канал, на почетокот на оваа година американското разузнавање открило дека руската влада планира да го убие генералниот директор на голем германски производител на оружје кој произведувал артилериски гранати и воена опрема за Украина.

Русите, наводно, имале планови да елиминираат други директори на одбранбената индустрија низ Европа. Планот за убиство на Пејпергер бил „најразвиен“, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека разузнавачките информации биле префрлени во Германија чии служби можеле да го заштитат Пејпергер и да го осуетат заговорот. Висок претставник на германската Влада потврди дека Берлин бил предупреден за заговорот од Америка.

Германија и „Рајнметал“ официјално не дадоа коментар. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан