• петок, 22 ноември 2024

Си-Ен-Би-Си: Околу 51,7 милиони родители во САД загибиле приходи за време на епидемијата

Си-Ен-Би-Си: Околу 51,7 милиони родители во САД загибиле приходи за време на епидемијата
Њујорк, 29 мај 2020 (МИА) - Околу 51,7 милиони Американци кои живеат во домаќинства со деца под 18 години велат дека тие или еден од членовите на домаќинството ги загубиле своите приходи од работата во периодот од 13 март, кога беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си. Според најновата анкета за потрошувачката на домаќинствата на американското биро за статистика, 40 милиони американски возрасни кои имаат деца во домот очекуваат дека или тие или друг член на домаќинството ќе продолжат да ги губат приходите или да почнат да губат приходи во наредните четири месеци. Медиумот наведува  дека ова не е изненадувачки, со оглед на тоа што експертите предвидуваат дека Американците со деца ќе се соочат со проблемот со грижата за децата - еден од најголемите проблеми кога компаниите бараат од вработените да се вратат во канцелариите. „Дури и ако сакаат, тие немаат можност повторно да се вратат во работната сила затоа што, всушност, тие се уште треба да се грижат за децата дома“, изјави Дајан Сванк, главен економист во Грант Торнтон, за Си-Ен-Би-Си. Околу половина од детските градинки ширум САД одлучија привремено да ги затворат своите врати поради пандемијата, според истражувањето на Националното здружение за образование на мали деца спроведено меѓу 5.000 даватели на услуги. Уште 17 проценти се затворени за деца од сите возрасти, освен за деца на работници чија работа е неопходна. Си-Ен-Би-Си исто така наведува дека неодамнешно истражување од страна на Групацијата Консалтинг во Бостон открило дека околу 60 проценти од родителите во САД немале надворешна помош за тоа што се грижат за своите деца за време на пандемијата на новиот коронавирус. зш/

Остани поврзан