• петок, 22 ноември 2024

Си-би-ес: Полицаецот Шовин го познавал Флојд

Си-би-ес: Полицаецот Шовин го познавал Флојд
Њујорк, 10 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот полицаец Дерек Шовин и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на апсење, се судриле додека работеле како обезбедување во ноќен клуб, изјави нивниот поранешен колега Дејвид Пини за Си-би-ес. Пини, кој работел со Флојд и Шовин во ноќен клуб, изјави дека Шовин бил многу агресивен, поради што тој и Шовин имале конфликти. - Верувам дека она што се случи на 25 мај делумно беше лично, рече Пини. Шовин е обвинет за убиството на Флојд на 25 мај во Минеаполис, бидејќи речиси девет минути клечеше со колено врз неговиот врат, иако Флојд неколкупати рече дека не може да дише. Смртта на Флојд предизвика лавина протести против расизмот прво во САД, а потоа и низ целиот свет. јт/

Тагови

Остани поврзан