• понеделник, 23 декември 2024

СЗО ја повика Танзанија да ја следи науката

СЗО ја повика Танзанија да ја следи науката
Најроби, 28 јануари 2021 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повика Танзанија да ја следи науката, еден ден откако претседателот на Танзанија изјави дека вакцините против Ковид-19 се опасни и непотребни ако луѓето веруваат во Господ и користат алтернативни лекови како што е инхалација со пареа. Директорот на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, преку објава на Твитер ја повика Танзанија повика да ги засили мерките за заштита на јавното здравје, како што се носење заштитни маски и да се подготви за кампања за вакцинација против Ковид-19. Претседателот на Танзанија Џон Магуфули во средата рече дека вакцината може да биде дел од странски заговор за ширење на болеста и кражба на богатството на Африка. - Ние во Танзанија успеавме да останеме без коронавирус една година. Нашиот Бог е над сатаната и сатаната секогаш неуспешно ќе користи разни болести, рече тој во Магуфула. Тој претходно ги исмеваше тестовите за коронавирусот и тврдеше дека давале позитивен резултат и на овошјето. Танзанија не објавуваше податоци за заразени со коронавирус од 8 мај, кога имаше 509 заразени и 21 смртен случај. паг/

Остани поврзан