• петок, 28 јуни 2024

СЗО: Коронавирусот можно е да го пренеле јазовци и зајаци од пазарот во Вухан

СЗО: Коронавирусот можно е да го пренеле јазовци и зајаци од пазарот во Вухан
Пекинг, 18 февруари 2021 (МИА) - Експертите од Светската здравствена организација сметаат дека коронавирусот е можно да се проширил на луѓето преку јазовци и зајаци, и самите заразени со коронавирус, а биле продавани на пазарот во Вухан. „Волстрит журнал“ пишува дека  членовите на експертската група на СЗО сметаат дека е потребна натамошна истрага за да се идентификуваат пренесувачите на овие и другите видови. Се уште не е јасен целосниот список на животни кои биле легално или нелегално продавани на пазарот. Експертите на СЗО, исто така, ја повикаа Кина да спроведе големи тестирања на животните на фармите за нутрии. сд/

Остани поврзан