• понеделник, 23 декември 2024

СЗО известува за десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години

СЗО известува за десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години

Њујорк, 23 декември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна Америка.

СЗО соопшти дека регистрираните случаи се искачиле на рекордни 5,2 милиони во 2019 година, од 500.000 во 2000 година, во 129 земји низ светот - бројки кои веројатно го потценуваат вистинскиот број на жртви.

Во јануари, СЗО предупреди дека денга треската претставува закана за пандемија и е најбрзо распространета болест која ја пренесуваат комарците во светот. Иако постојат вакцини и специјално одгледани комарци кои содржат бактерија наречена Wolbachia за борба против денга, не постојат специфични третмани за вирусот штом некој ќе се зарази.

Повеќе од пет милиони случаи и над 5.000 смртни случаи поврзани со денга се пријавени оваа година, соопшти СЗО. Промените во дистрибуцијата на комарците кои шират денга, заедно со поголемите врнежи од дожд, влажноста и топлината поврзани со климатските промени, се фактори за порастот на случаите.

Послабите здравствени системи и слабиот мониторинг исто така одиграа улога.

Денгата оваа година ја зафати целата западна хемисфера. Не е утврдена во Европа, иако од 2010 година некои случаи на локално ширење се појавија во јужниот дел на континентот.

Регионите вклучувајќи ги Америка, Карибите и Бангладеш пријавуваат рекорден број случаи во 2023 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан