• среда, 08 мај 2024

СЗО, Ердоган, Мишел, Арапската Лига го осудија „нападот врз болницата“ во Газа

СЗО, Ердоган, Мишел, Арапската Лига го осудија „нападот врз болницата“ во Газа

Газа, 17 октомври 2023 (МИА) – Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го осуди нападот врз болницата Ал Ахли во Газа.

- Повикуваме на итна заштита на цивилите и здравствена заштита, како и да се укинат наредбите за евакуација, напиша Гебрејесус на Х.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече наводниот напад „последниот пример лишен од најосновните човечки вредности“.

- Напад на болница во која има жени, деца и невини цивили е најновиот пример за нападите на Израел без основни човечки вредности, напиша Ердоган на X.

- Го повикувам целото човештво да преземе акција за да ја спречи невидената бруталност на Израел во Газа, додаде тој.

Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, нагласи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура во Газа го прекршува меѓународното право.

Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит ги повика западните лидери „веднаш да ја прекинат оваа трагедија, додавајќи дека „арапските механизми ќе ги документираат овие воени злосторства и криминалците нема да се извлечат со своите постапки“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан