• петок, 05 декември 2025

СЗО: Во Газа недостасуваат лекови за лекување на Синдромот Гилијан-Баре

СЗО: Во Газа недостасуваат лекови за лекување на Синдромот Гилијан-Баре

Женева, 29 август 2025 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека останала без критични медицински залихи во Газа, кои ѝ се потребни за лекување на сè поголемиот број заболени од реткиот Синдром Гилијан-Баре кој предизвикува парализа.

Во Појасот Газа од јуни се документирани 94 случаи на Синдром Гилијан-Баре, кој предизвика 10 смртни случаи.

Како што е соопштено, меѓу смртните случаи предизвикани од Синдромот Гилијан-Баре се и четири деца под 15-годишна возраст и шест постари пациенти со просечна возраст од 25 години.

Синдромот Гилијан-Баре (ГБС) е ретко, но сериозно автоимуно нарушување во кое имунолошкиот систем на телото, наместо да ги напаѓа надворешните закани, ги напаѓа сопствените ткива на периферниот нервен систем. Ова оштетување предизвикува слабост и парализа. За време на акутната фаза, нарушувањето може да биде опасно по живот. Точната причина за ГБС не е целосно позната, но во повеќето случаи тој се јавува по бактериска или вирусна инфекција. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан