• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Вакцината на АстраЗенека има голем потенцијал за спречување инфекции

СЗО: Вакцината на АстраЗенека има голем потенцијал за спречување инфекции

Женева, 19 март 2021 (МИА) - Податоците за вакцината на „АстраЗенека“ не покажуваат општо зголемување на случаите на згрутчување, но ефектот од неа ќе продолжи да се следи, соопшти Светската здравствена организација.

„Вакцината против Ковид-19 на ’АстраЗенека’ продолжува да има позитивен профил на ризик, со огромен потенцијал за спречување инфекции и намалување на смртните случаи низ целиот свет“, се вели во соопштението на Светскиот советодавен комитет за безбедност на вакцините. паг/

 

Остани поврзан