• понеделник, 23 декември 2024

Се чисти коритото на реката Осојница кај виничкото село Јакимово

Се чисти коритото на реката Осојница кај виничкото село Јакимово

Виница, 29 декември 2023 (МИА) – Општина Виница почна со чистењето на коритото на реката Осојница во близина на мостот кон селото Јакимово во рамки на планираните активности за заштита од поплави и оштетување на сообраќајната инфраструктура.

Со градежна механизација се отстрануваат наносите од речното корито, а истовремено се чисти вегетацијата покрај бреговите за да се овозможи нормален проток на водата. Во расчистувањето се вклучени локални општествено одговорни компании со кои Општината има воспоставено соработка.

-Расчистувањето се реализира во договор со компанијата „Јованов Транс“ од Јакимово, која ја обезбеди потребната механизацијата. Со оглед на поволните временски услови, наша цел е подготвено да ја дочекаме пролетна сезона кога има висок водостој и да спречиме оштетување на носечката конструкција на мостовите. Овие активности прозлегоа како насоки од последниот работен состанок со Подрачното одделение за заштита и спасување за да превернираме евентуални поплави на земјоделските и други површини, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Веднаш по чистењето на речното корито на Осојница кај селото Јакимово, работниците и градежната механизација ќе бидат ангажирани на делницата кај мостот кон селото Виничка Кршла. Акцијата ќе се реализира во соработка со општествено одговорната компанија „Гран Уни Инвест“ од Виница.та/свс

Фото: МИА

Остани поврзан