• петок, 22 ноември 2024

Се урна покривот на историска црква во центарот на Нов Лондон

Се урна покривот на историска црква во центарот на Нов Лондон

Вашингтон, 26 јануари 2024 (МИА) - Огромен дел од црквата изградена во 1850 година во центарот на Нов Лондон во американската сојузна држава Конектикат се урна денеска.

-Иако внатре имало жена, таа за чудо останала неповредена, соопштија властите.

Полициската управа на Нов Лондон ги предупреди луѓето да се држат подалеку од центарот на градот поради урнатата зграда. Официјалните лица споделија фотографии од она што останало од Првата конгрегациска црква на нивната Фејсбук страница.

Фотографиите кои се објавени покажуваат како огромен дел од покривот целосно се урнал.

Полицијата не ја утврди причината за колапсот и истрагата е во тек. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан