Се урна мал авион во Сибир, има преживеани, во кабината заглавени 11 патници
- Авион Л-410 се урна во близина на Иркутск, Сибир, во кој имало 14 патници и двајца членови на екипажот.
Москва, 12 септември 2021 (МИА) - Авион Л-410 се урна во близина на Иркутск, Сибир, во кој имало 14 патници и двајца членови на екипажот.
Има преживеани, објави Службата за итни случаи.
Како што јавуваат медиумите, четири лица преживеале, едно е во критична состојба, додека 11 се заробени во кабината.
Хеликоптер Ми-8 е испратен на местото на настанот. Авионот Л-410 е двомоторен, што се користи за регионални летови. паг/