• понеделник, 23 декември 2024

Се слави младо вино во Тиквешко, следната недела планинарска акција по винскиот пат

Се слави младо вино во Тиквешко, следната недела планинарска акција по винскиот пат
Неготино, 12 ноември 2022 (МИА) - Традиционално секој ноември во Тиквешко се организираат настани во чест на младото вино, а планинарите од „Фри хајкерс“ вечерва го најавија атрактивниот планинарски марш „По патот на виното“. Маршот ќе се реализира следната недела, на 20 ноември.
- Љубителите на планинарството имаат можност да чекорат по винскиот пат во Дисанијата, позната по многу квалитетно грозје и производи од грозје. Патеката минува низ лозови плантажи што раѓаат грозје во почиста и поздрава околина. Заедно ќе ги славиме грозјето и производите од грозје, во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил, соопштија од планинарското спортско друштво.
Станува збор за кружна винска патека, долга 16 километри. Турата е средно тешка. Се стартува од Долни Дисан, преку Јануица, Венецот, Студена вода, Градот. Одморот и ручекот се во новоотворениот планинарски дом „Дедо Ило Јанчев“, а маршот завршува кај почетната точка во Долни Дисан. свд/мд/

Остани поврзан