• вторник, 05 ноември 2024

Се санираат ударни дупки и оштетени улици во Аеродром

Се санираат ударни дупки и оштетени улици во Аеродром
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Општина Аеродром соопшти дека во изминатиот период извршија тековна санација на ударни дупки, прекопи, како и оштетени улици и тротоари, кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот и безбедното движење на пешаците. Како што информираат од општинската прес-служба, оваа тековна активност на општинските служби ќе опфати санација на делови од 30 улици, паркинзи и тротоари низ Аеродром, за што вкупната сума изнесува речиси 700.000 денари.фф/

Остани поврзан