Се реконструира улицата ,,23 Август" во центарот на Берово
- Во Берово во тек е реконструкцијата на улицата „23 Август" во централното градско подрачје.
Берово, 25 март 2020 (МИА) - Во Берово во тек е реконструкцијата на улицата „23 Август" во централното градско подрачје. Активностите, како што информираа надлежните, се реализираат во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Берово.
-Се работи на реконструкција на улица, која се простира на потегот од плоштадот „Димитар Беровски" до спој со ул. „Моша Пијаде", која што е доста користена улица од страна на возачите, но и на пешаците, а која што се наоѓаше во лоша состојба, информираа надлежните.
Со реконструкцијата на ова улица, центарот на Берово како што додаваат, ќе добие нов лик, а ќе се зголеми безбедноста и на возачите и на пешаците.
Од Буџетот на општина Берово, за 2020 година, за реконструкцијата на оваа улица, ќе биде исплатена сума од 606 илјади денари. вс/ир