Се реконструира спортската сала на штипското училиште „Димитар Влахов“
- Почна реконструкцијата на спортската сала во Општинското основно училиште „Димитар Влахов“ во Штип, а како што најави штипскиот градоначалник Иван Јорданов на денешната прес-конференција, таа ќе се одвива во неколку фази. Оваа спортска сала, која ја користат учениците од едно од најголемите училишта во Штип била изградена во 1984 година и досега не била реконструирана.
Штип, 26 декември 2025 (МИА) - Почна реконструкцијата на спортската сала во Општинското основно училиште „Димитар Влахов“ во Штип, а како што најави штипскиот градоначалник Иван Јорданов на денешната прес-конференција, таа ќе се одвива во неколку фази. Оваа спортска сала, која ја користат учениците од едно од најголемите училишта во Штип била изградена во 1984 година и досега не била реконструирана.

Јорданов истакна дека Министерство за образование и наука со средства од Светска банка издвои десет милиони денари за целосна реконструкција на училишна спортска сала.
Градоначалникот потенцираше дека ова е проект за реконструкција во низата на претходно реализирани проекти, а додаде и оти со засилена динамика се гради и спортско рекреативниот центар „Џексон“.
Директорката на ООУ „Димитар Влахов“ Невенка Величкова рече дека во втората фаза ќе биде поставена вентилациска и громобранска мрежа, а во последната фаза ќе следи опремување на салата со спортски реквизити.
Таа посочи дека со реконструкцијата на спортската сала значително ќе се подобрат условите за настава по физичко воспитување, но истата ќе биде користена и за реализација на училишни општински натпревари. вдј/дма/
Фото: МИА