• вторник, 24 декември 2024

Се реконструира Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Вељуса

Се реконструира Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Вељуса
Струмица, 19 август 2022 (МИА) - Основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса се реконструира со градежни зафати со кои објектот ќе биде енергетски ефикасен, подобрена против пожарна заштита и подобар квалитетот на просторот за учениците. Со реконструкцијата е опфатено изведба на нов санитарен јазол во рамките на училишната зграда, термоизолација на плафоните и подрумските простории кон приземјето, замена на плафонската структура од трска и изведба на нова покривна конструкција, нова фасада, атмосферска канализација, како и нови преградни ѕидови и против пожарни врати на училиштето и изведба на пристапни рампи за влез на лица со попреченост. Увид во работите на реконструкцијата на училиштето денеска изврши градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека на барање на жителите со Министерството за образование и наука ја започнале реконструкцијата на училиштето „Гоце Делчев“. Вкупната вредност на овој зафат изнесува околу 39,5 милиони денари кои се обезбедени од Министерството за образование и наука, а реконструкцијата треба да заврши за шест месеци.рт/свс

Остани поврзан