• вторник, 16 јули 2024

Се реконструира водоводната мрежа на две улици во населбата Пребег во Штип

Се реконструира водоводната мрежа на две улици во населбата Пребег во Штип

Штип, 21 октомври 2020 (МИА) - Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на две улици во штипската населба „Пребег“, каде што над 30 години не се заменети цевките, а поради дотраената мрежа постојано се случуваат дефекти.

Градоначалникот Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев денеска извршија увид во реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Скоевска“.

.-Се работи за реконструкција на водоводна линија во должина од 400 метри која беше приоритетно барање на граѓаните во овој дел од градот. Реконструкцијата на водоводот на улица „Скоевска“ ќе чини 1,8милиони денари и ќе се работи во две фази. Потоа ќе ја реконструираме водоводната линија на улицата „Славонска Пожега“ која ќе чини 2,2 милиони денари, изјави градоначалникот Миланов.

Директорот на ЈП „Исар“ истакна дека со овој зафат граѓаните ќе добијат подобар проток на вода до своите домови.

-Ваквата реконструкција се прави после долги години, односно од самото основање на населбата Пребег. Се реализираат најпотребните барања на граѓаните со кои им се олеснува секојдневното функционирање, вели Тасев.

Проектот се реализира со средства од програмата на штипското комунално претпријатие „Исар“. вдј/бак/

Остани поврзан