• вторник, 26 ноември 2024

Се работи на расчистување на случајот со украденото турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино" во јули

Се работи на расчистување на случајот со украденото турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино
Неготино, 15 ноември 2022 (МИА) - Се работи на расчистување на случајот со украденото турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино" во јули, се вели во писмениот одговор од СВР Велес до МИА на прашањето до каде е истрагата околу кражбата. - Во врска со прашањето за кражбата на турбинско масло во ТЕЦ „Неготино“ информираме дека се работи на расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во писмениот одговор испратен до МИА од портпаролот на СВР Велес,  Ристе Самарџиев. МИА претходно, во месец јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино". - На 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ „Неготино“, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес.свд/фф/

Остани поврзан