• сабота, 23 ноември 2024

Се пробива патот кон Горно Кратово

Се пробива патот кон Горно Кратово
Крива Паланка, 28 март 2021 (МИА) - Локалната самоуправа на Општина Кратово интензивно работи на пробивање на патот кон селото Горно Кратово, каде досега жителите немаа можност да пристапат со моторни возила. Според информациите од градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, во активностите на сопствена иницијатива се приклучиле и дел од мештаните, што особено го радува. - И покрај сите предизвици и искушенија на кои наидовме на овој патен правец, ние се фативме во костец да го приспособиме за комуникација, но секако, имајќи го предвид масовното посетување на овој дел од општината. Ќе се трудиме да не ги нарушиме автентичноста и мирот на овој предел, и се што ќе направиме да биде само со делумно "ограничени можности", изјави градоначалникот Бојаџиев. Потенцира дека се прават напори овој патен правец да биде приспособен за сообраќајна комуникација. - По многу години сепак ќе може да се стаса со возило во Горно Кратово. Луѓето со ентузијазам се приклучија во одредени активности и се надевам дека резултатот ќе биде позитивен,на задоволство на секојдневните консументи на овој правец, а секако ќе биде на олеснување и на екипите на итните служби, пред се на итната медицинска помош, во интерес на времето што живот значи во пружање на услугите. Бенефитот е навидум мал, но со оглед на личните искуства што ги имам при патување со итната помош на оваа дестинација, активноста ни малку не е за потценување, додаде Бојаџиев. Должината на трасата на патниот правец Кратово- Горно Кратово до училиштето во селото изнесува околу четири километри. ид/цр

Остани поврзан