• сабота, 06 јули 2024

Се преврте автобус во Германија, најмалку пет мртви

Се преврте автобус во Германија, најмалку пет мртви

Берлин, 27 март 2024 (МИА) - Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица. Другите патници се тешко повредени.

„Во несреќата загинаа пет лица“, потврдил за германски „Билд“ полицискиот портпарол Олаф Хоуп, додека идентитетот на жртвите не е откриен.

Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.

Спасувачите соопштија дека над местото на несреќата дежураат пет хеликоптери. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан