• понеделник, 23 декември 2024

Се поставува фекална канализација во кавадаречко Долна Бошава

Се поставува фекална канализација во кавадаречко Долна Бошава
Кавадарци, 25 ноември 2022 (МИА) - Во тек е поставување на фекална канализација во село Долна Бошава, во должина од 750 квадратни метри, по барање на месната заедница, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. - Истовремено се постави и базен за акумулација на водата за пиење, за потребите на жителите на селото, во кој ќе се изведуваат приклучоци на главниот систем за водовод, тој е донација од фирмата Ја-Ми. Изведувач на работите е „Градба промет“, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму информираа дека во тек е и асфалтирањето на улиците  „41 Дивизија“ и дел од „Црноречка“ во Кавадарци. - Таму претходно беше реконструирана водоводната линија и фекалната канализација. Изведувач на работите е „Градба промет“, а инвестицијата е на ЈП Комуналец и Општина Кавадарци, појаснија од кабинетот на градоначалникот. свд/

Остани поврзан