• четврток, 15 јануари 2026

Се подготвува нов трејд во НБА лигата

Се подготвува нов трејд во НБА лигата

Далас, 10.декември 2025 (МИА) – Нов голем трејд е на повидок во НБА лигата. Далас Маверикс е екипата која би можела да биде вклучена. Според најавите Далас е подготвен Ентони Дејвис, кој минатата сезона беше „донесен“ од ЛА Лејкерс како замена за Лука Дончиќ, сега да го „пратат“ во Детроит Пистонс.

Замената може да биде реализирана особено што и Детроит е подготвен да го донесе играчот во своите редови.

Детроит е подготвен да го понуди Џејден Ајви, Тобијас Харис и уште еден играч, како и играчи од следните драфтови.

Но, Детроит не е единствениот заинтересиран за Дејвис, на листата за потенцијален трансфер сè уште и Атланта и Торонто. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан