• сабота, 23 ноември 2024

Се планира тринеделно затворање на Париз

Се планира тринеделно затворање на Париз
Париз, 26 февруари 2021 (МИА) - Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар најави дека ќе побара од француската Влада план за превентивно тринеделно заклучување на главниот град. - Идејата е да се создаде можност за се повторно да се отвори, вклучително баровите, рестораните и театрите, истакна Грегоар. Во Франција од 15 декември во сила е полициски час, а баровите, рестораните, театрите, музеите се затворени со цел да се спречи ширење на Ковид-19. Претходно францускиот премиер Жан Кастекс најави заклучување на Париз и 19 други региони за време на викендите од почетокот на март, ако продолжи ширењето на инфекцијата. ми/

Остани поврзан