• сабота, 21 декември 2024

Се очекува финансирање на 350 проекти на општините со дополнувањето на владиниот повик

Се очекува финансирање на 350 проекти на општините со дополнувањето на владиниот повик

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) -  Во секторот Транспорт ќе бидат одвоени 2,4 милијарди денари преку владиниот повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, а премиерот Христијан Мицкоски очекува вкупната бројка на проекти за кои опшините што апицираа заедно со дополнувањето на повикот да изнесува над 350.

– Во целост со оние проекти коишто очекуваме да бидат дополнети до 15 ноември ќе ја заминеме бројката 350, минус една општина која што за жал конкурираше само со проект што е во фаза на изградба со избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина и градоначалникот, рече Мицкоски на новинарско прашање, по резултатите од владиниот јавин повик врз основа на кој вчера беа потпишани договори со општините за 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари.

Мицкоски информираше дека за проектите во секторот Транспорт износот на средствата е 2,4 милијарди денари.

- Ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари, навистина ќе биде нешто што досега не се случило, епски проект.  Она кое што им е битно на граѓаните. Наш интерес се граѓаните. Ние работиме за нив, не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ да го гледа својот интерес, па сега во опозиција ќе си пишуваме писменца, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она што е наш фокус. Ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така ќе продолжиме, изјави Мицкоски.  

На новинарски коментар дека додека се подготвуваат нови проекти продолжува иселувањето на луѓето, премиерот рече дека за жал тој тренд продолжува, но оти новата Влада креира амбиент и се враќа надежта за да почнат да се враќаат иселените кои според него во најголем дел си заминале поради неправди што им биле нанесени и нефункционалност на системот.

 - За жал, во право сте. Тој тренд продолжува иако морам да признам дека е намален, но тоа не значи дека сега ние во овие три-четири месеци блескаво сме го сопреле. Треба да се создаде клима, перцепција. Битно е дека се враќа надежта. Ние мериме перцепција и го мериме јавното мислење кај граѓаните најмалку двапати месечно. Чувствуваме дека полека но сигурно се враќа надежта кај луѓето и треба да се креира таков амбиент за тие да почнат да се враќаат бидејќи најголем дел од нив и не заминуваат поради економски причини, повеќе е поради неправдата која што ја чувствуваа изминатите години. Тоа е суштината. Не беа заштитени од системот. Системот беше дисфункционален, одредена мала група на луѓе уживаше во привилегиите итн. Полека но сигурно се враќа таа надеж. Ќе треба многу да се работи. Дали сум задоволен што направивме во овие четири месеци – да, дали треба уште многу – да, треба уште многу да се работи. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме, изјави Мицкоски, кој беше на увид на работите за изградба на автопатот Кичево-Букојчани.

Со инфраструкктурни проекти од областа на Транспортот фионансиска поддршка ќе добијат општините Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други.  Ппроектите се однесуваат на инвестиции во локалната патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици....

Во делот на социјалната политика ќе бидат инвестирани околу 59 милиони денари што ќе бидат употребени за изградба на нови градинки во Петровец и Гази Баба. Во областа на спортот се потпишани договори во висина од 220 милиони денари за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови и спортски сали во општините Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други. За реализација на проекти од културата и туризмот предвидени се близу 200 милиони денари кои се наменети за општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба. лв/нд/

фото:МИА архива, принтскрин

Остани поврзан