Се отстрануваат непрописно паркирани возила во општина Аеродром
- Инспекциските служби на Општина Аеродром почнаа акција за отстранување на возилата кои се непрописно паркирани и ослободување на патеките, тревниците и плочниците. За отстранување на возилата
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Инспекциските служби на Општина Аеродром почнаа акција за отстранување на возилата кои се непрописно паркирани и ослободување на патеките, тревниците и плочниците. За отстранување на возилата, Општината ангажира пајак-служба, а несовесните возачи добиваат парични казни.
Како што информираат од Општина Аеродром, целта на оваа акција е да се отстранат возилата од местата кои не се наменети за паркирање со што го оневозможуват непреченото движење на пешаците, пристапот на интервентните возила, а истовремено и се уништуваат јавните површини, како што се плочките, столпчињата и зеленилото, со што се нанесува голема материјална штета.
Општина Аеродром најавува отстранување на непрописно паркираните возила и во наредниот период и казни за несовесните возачи. Апелираат да не се паркира на местата обележани за лица со хендикеп. мд/цр