• сабота, 29 јуни 2024

Се крпат ударни дупки на улици и локални патишта во општина Кавадарци

Се крпат ударни дупки на улици и локални патишта во општина Кавадарци
Кавадарци, 8 јуни 2022 (МИА) - Започна крпењето на 2.300 квадратни метри ударни дупки на улиците и локалните патишта во општината Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Изведувач на работите е фирмата ОСД ,,Кирил" од Скопје. Истовремено, волонтери и вработени преку службата ,,Мој општинар" и ЈП ,,Комуналец",  ја обработуваат новата зелена површина околу зградите на улицата ,,Благој Крстиќ’’, на која е поставен систем за наводнување и таа површина  ќе се озеленува, ќе се садат зимзелени садници, грмушки и цвеќе, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Се работи за згради во строгиот центар на градот, близу општинската зграда.свд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан