Се конституираше Локалниот младински совет на Општина Илинден
- Во општина Илинден денеска се конституираше Локалниот младински совет, на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, кој им посака успешна работа и реализација на предвиденит
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Во општина Илинден денеска се конституираше Локалниот младински совет, на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, кој им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики.
Како што информира Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека спроведувањето на локалните младински политики во општината ќе придонесат за реализација на нивните потреби во локалната самоуправа што е еден од главните приоритети на општината.
-Учеството на Локалниот младински совет во креирањето на младинските политики во општината е важно тело во застапувањето на младите и нивните интереси преку кое ќе се зајакнат капацитетите на младите и нивниот развој во идни успешни граѓани и професионалци., се вели во соопштението. мд/са/