• четврток, 26 декември 2024

Се затвораат плажите во Шпанија

Се затвораат плажите во Шпанија
Мадрид, 8 јули 2020 (МИА) – Властите во Шпанија за да го спречат ширењето на новиот коронавирус наредија затворање на десетици плажи поради големиот број посетители за време на викендот. Речиси 30 плажи во Коста дел Сол беа затвроени во неделата, а плажите во Малага беа принудени да го редуцираат бројот на посетители, за да се одржи социјалната дистанца. Околу 55 плажи во Андалузија се затворени, додека во Кадиз е затворена една плажа поради големиот број на посетители. Поради пораст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 повторно е воведен карантин за време на викендот во Галиција и Каталонија. Се очекува влошување на ситуацијата со епидемијата поради пораст на бројот на странски туристи. Шпанија, која ја посетуваат околу 80 милиони туристи годишно е втора земја по посетеност, зад Франција. Во Шпанија 299.210 лица се инфицирале со Ковид-19, од кои 28.392 починале. ми/

Остани поврзан