• сабота, 23 ноември 2024

Се заокружува програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“, утре ќе се знаат најдобрите

Се заокружува програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“, утре ќе се знаат најдобрите

Прилеп, 15 јуни 2023 (МИА) - Богатата програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ се заокружува со денешниот фестивалски ден. Претпладнето, во киното „Мис Стон“ се одржа уште една претстава од работилницата на фестивалот насловена „Чернодрински за деца“. Се претставија учениците од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ кои работеа со наставникот Габриела Стојаноска-Станоеска.

Во центарот за култура „Марко Цепенков“  се одржаа разговорите на тркалезната маса за двете синоќешни претстави во официјалната програма, за претставата на Албански театар од Скопје „Балконот“ и за „Женска гардероба“ на Театар „Комедија“. Разговорите укажаа дека на Фестивалот се претстави кои отвораат актуелни теми, од една страна табу теми, а од друга за економските мигранти кои се борат со немоќта и се обидуваат да најдат стабилност во живеењето.

Вечер на програмата се последните две од вкупно 10-те претстави во официјалната програма. Од 19,30 часот во центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата „My name is Medeja“ на битолскиот, а од 21:30 часот во прилепскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Несфатената цивилизација“ на анасамблот на охридскиот театар.

Од 23 часот ќе бидат разговорите на тркалезната маса за овие претстави, а последна во програмата на Фестивалот, од 23 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата „Елегија во пет здива“ од независната продукција.

Утре напладне, жирито во состав Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ од Цетиње, Црна Гора, Мирослав Радољиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад  и Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ ќе ја соопшти одлуката за најдобрите остварувања и за најдобрата претстава на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Утревечер од 120 часот во Центарот за култура „Марко цепенков“ ќе бидат доделени наградите на најдобрите и во нивна чест ќе биде изведена претставата „Последниот балкански вампир“ во режија на Александар Попоски, а гостува Српско народно позориште од Нови Сад со што се затвора годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“. ем/сст/

фото извор МИА и МТФ „Војдан Чернодрински“

 

Остани поврзан