• понеделник, 23 декември 2024

Се гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново 

Се гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново 

Кавадарци, 16 октомври 2024 (МИА) - Во тек е изградбата на повеќенаменскиот објект во кавадаречкото  село Дреново, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. 

- Објектот е на површина од 530 квадратни метри, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360 квадратни метри, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново, појаснија од Кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму додадоа дека инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци. свд/мд/

Фото: Локална самоуправа Кавадарци 

Остани поврзан