• сабота, 06 јули 2024

Се гради затворениот базен во Кавадарци 

Се гради затворениот базен во Кавадарци 

Кавадарци, 23 јануари 2024 (МИА) - Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Се започна со интензивна работа на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија дека станува збор за инвестиција финансирана од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба. свд/ев/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан