Се гради детска градинка во кавадаречко Дреново
- Во завршна фаза е детската градинка во кавадаречкото село Дреново, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Кавадарци, 12 јануари 2024 (МИА) - Во завршна фаза е детската градинка во кавадаречкото село Дреново, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
- Станува збор за реконструкција и адаптација на објект во село Дреново, што преминува во детска градинка, како проект кој е дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев.
Изведувач е фирмата „Арт инженеринг“ од село Белица, Македонски Брод.
Секретарот во Општината Тодор Ефремов информираше за МИА дека средствата за објектот се обезбедени од општинскиот буџет.
Директорката на кавадаречката детска градинка „Рада Поцева“ Цанка Добринова појасни за МИА дека е ова всушност десетти клон на детската градинка, наменет за 20 дечиња од селото.
- Прв пат Дреново добива ваква група за прием на дечиња, во други просторни услови. Опремата ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, а ќе има и нови вработувања. Вакви објекти веќе имаме и се во употреба во селата Возарци, Марена и Ваташа, со што покажуваме дека подеднакво се води грижа како за децата во урбаните, така и во руралните средини, нагласи таа.
Во десетте клона на „Рада Поцева“ се згрижуваат вкупно 1.200 дечиња. свд/мд/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев