• вторник, 07 мај 2024

Се градат водоводни приклучни линии и станици во каменичката населба Павлиш Дол

Се градат водоводни приклучни линии и станици во каменичката населба Павлиш Дол
Македонска Каменица, 12 септември 2022 (МИА) - Јавното претпријатие ,,Камена Река" од Македонска Каменица продолжува со интензивни работни активности за изградба на секундарната водоводна мрежа. Градежните активности кои ги реализираат во моментот опфаќаат изградба приклучни линии и станици за потребите кај 150 домаќинства од приградската населба Павлиш Дол.
-Деновиве наши екипи интензивно работат на изградба на нови водоводни линии и приклучни станици, за вклучување во новоизградениот водоводен систем на домаќинствата од приградската населба. Активностите се во рамки на изградбата на новиот водоводен систем во должина од 2450 метри, истакнаа од ЈП „Камена Река".
Со ваквите и слични градежни активности како што додаде градоначалникот Димчо Атанасовски се реализира заложбата на локалната самоуправа за конечно решавање на комуналните проблеми на целата територија на општина Македонска Каменица.
-Продолжуваме посветено кон поставената цел – до крајот на мандатот да бидат решени 90 проценти од инфраструктурните проблеми во Македонска Каменица. Нашите жители заслужуваат подобри патишта, нови водоводни и канализациони системи и ние ќе го реализираме тоа, додаде Атанасовски.
Со приклучувањето на новиот водоводен систем, во насока на решавање на елементарната потреба од водоснабдување дополни дека околу 60 семејства ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. вс/сст/

Остани поврзан