• понеделник, 23 декември 2024

Се враќа посетеноста во Стоби

Се враќа посетеноста во Стоби

Велес, 29 април 2021 (МИА) - Со смирување на Ковид пандемијата се повеќе се враќаат посетителите во археолошкиот локалитет Стоби. Освен домашни се поголем е бројот на странските посетители, најмногу од САД, кои деновиве доаѓаат и во групи, информира за МИА Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

-Убавото време и смирување на состојбите со Ковид пандемијата одат во прилог на се поголема посетеност на археолошкиот локалитет Стоби, кој со години наназад бил и е најпривлечен археолошки локалитет во земјава. Освен домашните посетители, се повеќе доаѓаат и странски посетители, најмногу американски државјани, кои  во групи доаѓаат да го посетат Стоби, информира Перовски.

Додава дека поради тоа што Стоби е на отворен простор, во наредните месеци се очекува од ден во ден и понатаму да се зголемува посетеноста.

-Стоби е на отворен простор и поради тоа безбедносните мерки за Ковид, а  кои строго ги почитуваме,  се помалку ризични, појаснува Перовски.

Тој информира дека во претстојните велигденски празници секој ден во деновите, сабота, недела и понеделник од 8 до 16 часот, Стоби ќе биде отворен за посетителите.

Перовски соопшти дека од средината на мај во Стоби ќе започнат годинашните конзерваторско-археолошки работи. ад/мд/

Остани поврзан