• понеделник, 23 декември 2024

Се вратија бугарските морнари кои беа блокирани во украинското пристаниште Мариупол

Се вратија бугарските морнари кои беа блокирани во украинското пристаниште Мариупол
Софија, 18 април 2022 (МИА) – Бугарските морнари од бродот „Царевна“, кој беше блокиран во украинското пристаниште Мариупол, со владин авион денеска слетаа на аеродромот во Варна, јави дописникот на МИА од Софија. Морнарите беа пречекани од членовите на нивните семејства и од премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Премиерот Петков им се заблагодари на сите институции, специјални служби и министерствата за перфектната организација на евакуацијата на бугарските морнари. Морнарите не сакаа да го коментираат учеството на бугарското воено разузнавање и специјалните сили во Мариупол. Исто така и Петков и Генчовска се воздржаа од коментари. Петков само наведе дека имало два обиди за евакуација на морнарите, но оти тие биле премногу опасни. Морнарите изјавија дека во пристаништето Мариупол биле во опасност, но откако биле евакуирани добро се однесувале со нив. Властите во Софија продолжуваат да работат на евакуација на морнарите од украинското пристаниште Черноморск, каде ситуацијата е многу помирна и во тој случај се водат разговори со сопственикот на бродот. Шест морнари од бродот „Рожен“ во Черноморск се евакуирани, а уште 11 други се на бродот. нк/ми/

Остани поврзан