• вторник, 02 јули 2024

Се бара 40-годишниот Бошко Митовски од Тетово, исчезнувањето е пријавено во полиција  

Се бара 40-годишниот Бошко Митовски од Тетово, исчезнувањето е пријавено во полиција  
Тетово, 31 октомври 2021 (МИА) – Семејство од Тетово апелира до јавноста за информации околу исчезнувањето на 40-годишниот Бошко Митовски. Неговиот брат Анѓелко на 29 октомври го пријавил неговото оддалечување од домот во полиција, по што немале контакт.- Мојот брат Бошко Митовски пред неколку дена излегол од дома и му се губи секоја трага. Последна информација е дека му е најдена патна исправа во населба Аеродром Скопје. Ако некој го види замолувам да не известите на телефоните 075 450 793 и 075 342 437, пишува на социјалните мрежи, братот на Бошко, Анѓелко Митовски. СВР Тетово соопшти дека на 29.10. е пријавено дека Б. М.  се оддалечил од дома и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ас/см/

Остани поврзан