• среда, 03 јули 2024

Сејдини: Нашите фудбалери се спортски херои

Сејдини: Нашите фудбалери се спортски херои
Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им го честита големиот успех на репрезентативците кои обезбедија учество на Европското првенство. Во честитката на Сејдини стои:
  • Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат.
Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот - спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои. Се гледаме на Европско. Напред Македонија! - се вели во честитката на првиот човек на ФФМ. Македонската репрезентација вечерва ја совлада Грузија во Тбилиси со 1:0 и за прв пат во својата историја избори пласман на завршницата на едно големо натпреварување. зс/

Остани поврзан