• петок, 22 ноември 2024

СЕФФ: Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат - половина милијарда евра инвестиции во инфраструктура за повеќе СДИ

СЕФФ: Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат - половина милијарда евра инвестиции во инфраструктура за повеќе СДИ
Скопје, 31 мај 2022 Преку половина милијарда евра, односно 523,6 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти со ребалансот на буџетот. Се инвестира во патниот дел од Коридорот 8 и 10, како и железницата, изградба на магистралните гасоводи, крупни проекти од областа на животната средина, здравството, образованието итн. Јавните инвестиции во инфраструктурата се од особено значење за придвижување на економската активност, но и за привлекување на странските инвеститори. Како што посочи нобеловецот Пол Кругман на Скопскиот економски форум - СЕФФ, за да дојдат странските инвеститори, потребна е амбициозна агенда за инфраструктурните проекти. „Она што треба сега да се стори, веднаш и верувам дека се адресира тој проблем е да осигурате дека ако сакате нешто, пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е таа инфраструктура за транспорт“, порача Кругман во Скопје на првиот ден од СЕФФ. Подобрувањето на инфраструктурата е еден од приоритетите на Владата на што упатува и високиот износ на капитални инвестиции предвидени и во Буџетот за 2022 и сега со неговите измени. Капиталните инвестиции се проектирани на 32,2 милијарди денари и се за 37,8 % повисоки во однос на претходната година. Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура како коридорите 8 и 10. Меѓу нив се делницата Тетово-Гостивар/проширување на автопат, изградба на автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, делницата Прилеп – Битола, делницата Ранковце – Крива Паланка и делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, автопатска делница Кичево – Букојчани и Кичево – Охрид. Предвидена е и изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, патната делница Штип – Радовиш итн.) Темата на годинашното издание на СЕФФ е „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. На првиот ден учесниците, меѓу кои владини претставници од регионот, високи претставници на меѓуанродни финансиски институции, претставници на бизнисот, експерти и дурго дебатираа за фискалните и монетарните политики и регионалната соработка. Дебатата продолжува денеска на теми поврзани со зелена транзиција, инфраструктура, поврзаност и трговија, финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност, нови предизвици за добро владење и човечкиот капитал во 21-от век. СЕФФ е замислен да функционира како платформа за дијалог на економски и финансиски теми. Целта да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе можат да се искористат во решавање на предизвиците со кои се соочуваме во моментов, но и решенија за подобра иднина.  Скопски економски форум - СЕФФ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан