• четврток, 02 јануари 2025

Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони со вертикален систем за лансирање

Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони со вертикален систем за лансирање

Сеул, 31 декември 2024 (МИА) - Северна Кореја започна со изградба на фрегата тешка 4.000 тони опремена со вертикален систем за лансирање како дел од надградбата на нејзиниот нуклеарен и ракетен арсенал, тврди војската на Јужна Кореја.

Соопштението на јужнокорејската војска дојде еден ден откако државните медиуми во Пјонгјанг објавија фотографии од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во посета на бродоградилиште каде се гради нов воен брод.

„Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони во пристанишниот град Нампо. Со оглед на големината на бродот, се проценува дека е способен да носи ракета брод-земја“, изјави јужнокорејски воен претставник.

Тој додаде дека на Северна Кореја може да и бидат потребни неколку години да ја заврши изградбата на бродот и повеќе од 10 години за тојт да биде оперативно распореден.

Најголемиот севернокорејски воен брод досега е фрегата од 1.500 тони опремена со ракета од брод-брод и нема вертикален систем за лансирање. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан