Сеул: Севернокорејската економија закрепнува со помош од Русија и Кина
- Северна Кореја „воспоставила и одржува односи“ слични на сојуз со Русија, вклучително и размена на високотехнолошко оружје и трансфер на технологии, додека истовремено се стреми кон практично обновување на односите со Кина, тренд што ја насочува националната економија кон закрепнување, се наведува во соопштението.
Сеул, 15 април 2026 (МИА) - Економијата на Северна Кореја влегува во фаза на закрепнување благодарение на односите со Русија и Кина, надминувајќи го периодот на рецесија, соопшти Министерството за обединување во Сеул.
Проценката е изнесена во петгодишниот план за меѓукорејските односи за периодот 2026–2030 година, доставен до Комитетот за надворешни работи и обединување на Народното собрание, пренесува Јонхап.
Северна Кореја „воспоставила и одржува односи“ слични на сојуз со Русија, вклучително и размена на високотехнолошко оружје и трансфер на технологии, додека истовремено се стреми кон практично обновување на односите со Кина, тренд што ја насочува националната економија кон закрепнување, се наведува во соопштението.
Воедно, Северна Кореја настојува да ја зголеми својата „стратешка автономија“ и „преговарачка моќ“ користејќи го ривалството меѓу Кина и САД, додека ја зајакнува дипломатијата со земји кои традиционално се пријателски настроени кон режимот.
Планот за меѓукорејските односи се изработува на секои пет години. Последното, петто издание, е подготвено по претходниот план усвоен од сменетиот претседател Јун Сук Јол, кој беше прекинат по три години примена.
Како основни принципи, новиот план ја наведува институционализацијата на политиката на администрацијата на Ли Џе-мјунг за мирна коегзистенција со Северна Кореја, создавање основа за заемeн раст и стремеж кон Корејски Полуостров без војна и нуклеарно оружје. ссм/ми/
фото: архива