• недела, 07 јули 2024

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен
Вашингтон, 25 август 2021 (МИА) – Американската тенисерка Серена Вилијамс објави денеска дека не успеала навреме да закрепне од повредата на препоните и поради тоа е принудена да го откаже настапот на грен-слем турнирот УС Опен што започнува идната недела. - По внимателно разгледување и слушање на препораките од докторот и медицинскиот тим, донесов одлука да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето тело во целост да се рехабилитира од повредата на препоните, објави 39-годишната Серена Вилијамс. Американската тенисерка, која досега во кариерата освои 23 грен-слем титули, поради повредата мораше да го предаде дуелот од првото коло на Вимблдон против Белорусинката Алиаксандра Саснович. ег/зс/

Остани поврзан