• четврток, 19 декември 2024

Се одлага примопредавање на донацијата на вакцини од Србија

Се одлага примопредавање на донацијата на вакцини од Србија
Белград, 10 февруари 2021 (МИА) – Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на утрешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце. об/дма/

Остани поврзан