• понеделник, 23 декември 2024

Семинар за заштита на животната средина и културното наследство во организација на италијанската Амбасада

Семинар за заштита на животната средина и културното наследство во организација на италијанската Амбасада

Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Во Центарот за полициска обука во Идризово денеска почна семинар организиран од Амбасадата на Италија за заштита на животната средина и културното наследство преку мерки за спречување на поврзани кривични дела.

Семинарот, како што информираат од италијанската Амбасада, го одржува делегација на високи офицери од италијанските Карабиниери, предводена од бригадниот генерал Валерио Џардина, началник на Командата за заштита на животната средина и еколошка транзиција. Семинарот е отворен за претставници на министерствата за внатрешни работи, животна средина, земјоделство и за култура и за граѓанскиот сектор.

На отворањето на семинарот, амбасадорот Андреа Силвестри рече дека иницијативата се совпаѓа со процесот на модернизација на земјата и благодарение на нејзиниот пат кон европската интеграција поддржана од Италија.

Планирани за дводневни активности за време на семинарот. Од италијанската Амбасада информираа дека за денеска било предвидено да се презентираат активностите на Единицата на Карабиниерите врзани со кривични дела против животната средина и да биде презентиран меѓународниот центар за заштита на животната средина и грижа за територијата, неодамна отворен во Сабаудиа, во близина на Рим.

За време на вториот ден е предвидена размена на искуства од областа на заштитата на археолошкото и културното наследство. фф/бак/

Остани поврзан