• петок, 22 ноември 2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ заразен со коронавирус

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ заразен со коронавирус
Сараево, 27 март 2021 (МИА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина,  Ивајло Петев е заразен со коронавирус, објавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на официјално соопштение. Бугарскиот стратег е во самоизолација и нема да ја предводи репрезентацијата на БиХ на денешниот пријателски натпревар против Костарика во Зеница, а ќе го пропушти и мечот против светскиот првак Франција, в среда во Сараево, во рамки на второто коло во мундијалските квалификациите. - Задолжителните тестирања на Ковид-19 беа извршени по враќањето на репрезентацијата од Финска. Резултатите пристигнаа во петокот вечер, сите тестирани фудбалери се негативни, како и членовите на стручниот штаб, но селекторот Ивајло Петев доби позитивен тест на коронавирус, соопшти Фудбалската федерација на БиХ. Во соопштението се додава дека Петев на претходните две тестирања бил негативен и оти е невозможно да се утврди каде и кога се заразил со вирусот. Бугарскиот тренер се чувствува добро и нема симптоми на болеста. ег/ми/

Остани поврзан